Инспирирајќи генерации автори, сценаристи и поети со своите приказни и стихови кои постојано се користат за современи филмови, песни и книги (само на момент сетете се на „10 работи што ги мразам кај тебе“, многуте верзии на Ромео и Јулија или пак култниот „Кралот Лав“), Шекспир останува безвременски да живее и во 2018. Покрај инспирацијата, овој книжевен великан е заслужен за многу нови зборови за англискиот јазик – но, и за раѓањето на неколку големи уметнички дела, создадени од мајсторите на платното.
- John Everett Millais – Ophelia
Хамлет како инспирација: познатото дело од периодот пред Рафаел, кој ја прикажува Офелија која се дави околу венци цвеќиња со дополнителна симболика – смрт, невисност, љубов, верност. Со еден поглед понатаму, воочлив е спектарот на черепот во десниот агол на сликата. Истата е завршена помеѓу 1851 и 1852 година и стои во Tate Britain, во Лондон. Иако се вели дека сликата не високо ценета кога првпат била изложена на Кралската академија, но од тогаш милјарда луѓе се восхитуваат за неговата убавина и нејзиното прецизно прикажување на природниот пејзаж. Оваа сцена е опишана во Акт IV, Сцена VII во говор на кралицата Гетруд.
2. John Singer Sargent – Ellen Tarry as Lady Macbeth
Инспирација од Магбет: веднаш по улогата на Елен Тери како Лејди Магбет во Lyceum Theatre, во Лондон 1888 каде што сликарот бил присутен на премиерата (29.12.1888) и веднаш по тоа, го насликал ова култно ремек-дело. Причината за оваа брза реакција по инспирацијата била наметката на глумицата – спектакуларна изработка, извезена со злато и украсена со 1.000 крилја од смарагдни буби (sternocera aequisignata) кои најчесто се користат за изработка на накит. Платното е високо 221 см и има широчина од 114.5 см, со тешка златна рамка со келтски мотиви.
3. Daniel Maclise – Othello and Desdemona
Инспиративно, од Отело: сликата ги прикажува Отело и Дездемона, додека Јаго демне во сенките. Боите се толку енергични, а деталите толку добро скроени. На некое изненадување, широката веб-мрежа на информации не нуди полемика околу деталите за ова дело.
4. Joseph Noel Paton – The Reconciliation of Oberon and Titania
Сонот на летната ноќ во инспиративно издание: има ли нешто што не е магично во оваа приказна? Оберон и Титанија по повторната средба се подготвуваат да ја решат магично предизвиканата конфузија помеѓу двата љубовници. Инспирацијата на сликарот е всушност, продолжение на неговата дипломска слика за расправијата на волшебните владетели.
5. Edward Austin Abbey – Cordelia’s Goodbye
Инспирирано од Крал Лир: Оваа слика во фокусот ја држи Корделија која е протерана од страна на нејзиниот татко, како резултат на нејзиното одбивање да ѝ додворува. Нејзините постари сестри, Реган и Гонореил, гледаат додека кралот на Франција ѝ ја бакнува раката и истовремено се восхитува на нејзината искреност.