Растењето со сестра е посебна привилегија, сестрата ви е доживотен пријател, кој секогаш ќе биде со вас, без оглед на сè. Плус нејзините работи…како облека, шминка и се друго, секогаш е на располагање за вас. Па, можеби и не е секогаш се сосема дозволено, но секоја што има сестра барем еднаш “украла” нешто од нејзиниот плакар.
Се покажа дека растењето со сестра исто така може да има и други предности. Имено, истражувачите од Универзитетот De Montfort University во Leicester, направиле анкета на 570 лица на возраст меѓу 17 и 25 години и откриле дека лицата кои имаат сестра, имаат повеќе избалансиран и посреќен живот.
Професорот Tony Cassidy кој го спроведе истражувањето, изјави дека сестрите ја поттикнуваат отворената комуникација и кохезијата во семејствата, но браќата се чини дека имаат спротивен ефект. “Емоционалниот израз е темел за психолошкото здравје, а тоа само сестрите го промовираат во своите семејства”, рече професорот.
Девојчињата кои имаат една или повеќе сестри, се рангирани највисоко во студијата за независност и достигнувања, додека момчињата кои имаат браќа се најниско рангирани. Професорот Tony објасни: “Тоа е затоа што мажите имаат природна тенденција да не зборуваат за работите, за разлика од жените кои се склони да отворат комуникација”.
Откако ќе ја прочитате оваа статија, обавезно заблагодарете и се на вашата сестра што постои!