Парис Хилтон наскоро ќе застане пред олтарот. 36-годишната Парис и актерот Крис Зилка се верија на годинешниов одмор во Аспен.
Парис на својот твитер профил објави, дека е возбудена заради веридбата со љубовта на нејзиниот живот и никогаш досега не се чувствувала толку среќна, безбедна и сакана. Изгледа дека Парис Хилтон ги исполни сите соништа.
Како што тоа се случува со светските ѕвезди, Парис Хилтон не импресионираше со голем број слики, почнувајќи од моментот кога Крис клекна и ја побара за жена, па се до прстенот кој посебно ни падна во око.
Големиот дијамант што ја краси раката на Парис Хилтон сигурно не е парче накит што може да остане незабележан. Се надеваме дека е добро осигурен и дека Парис нема да има воспаление на мускулите, бидејќи сепак, носењето на овој камен насекаде со себе и таа тежина, не може да биде лесна задача.
Во секој случај и тимот на Divian Arts им посакува многу среќа!