Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Василије Мерков
Овој талент се вика Василије Мерков и има 15 години. Предизвик му е да фотографира природа и носталгични моменти. Со фотографија се занимава од деветта година.
Фотографијата е направена со мобилен телефон и е аматерска и покажува дека некогаш и нештата надвор од фокусот на камерата можат да бидат сјајни. Оваа фотографија ја направил во неговиот град Струмица. Таа е поврзана со новата година и новите сјајни почетоци.
Контакт: Facebook:Vasilije Merkovv Instagram:oqrol
e-mail:vasilije.merkov00@gmail.com
Нинослав Антоски
Нинослав Антоски себеси се смета за аматер кој се стреми кон професионализам. Негов најголем предизвик е фотографирање на портрети.
Предметите во фотографијата лебдат во воздухот со помош на рибарски конец, направена е при крајот на минатата година во домашен амбиент, и како секогаш едитот е направен со Lightroom VSCO и дел од инстаграм филтрите и алатките за едитирање на фотографија.
Kонтакт со Нинослав можете да воспоставите преку неговиот Instagram.
Лазар Зафировски
Лазар Зафировски активно се занимава со фотографија веќе две години, а зад себе има искуство како фотограф на настани и приватни фотосесии.
Фотографијата е направена со апарат и е спонтана. Доловува момент/чувство на замисленост и мистерија.
Контакт со Лазар можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (lazarzafirovski@yahoo.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).