Овие алкохолни пијалоци треба да се избегнуваат, бидејќи тие значително влијаат на кожата и нејзиниот изглед.
Дружењата денес (особено тие ноќните) стануваат незамисливи без алкохол. Но, повеќето, не размислуваат за последиците што ги има алкохолот додека стојат на шанкот во некој бар со пијалокот во рака.
Факт е дека секој алкохол има штетни ефекти врз нашето тело и на нашата кожа. Алкохолот ја отстранува водата од телото и ја суши кожата, па така се појавуваат брчките. Со самото тоа, кожата автоматски почнува да произведува повеќе себум за да се хидратизира, така да појавата на мозолчиња и митесери е неизбежна.