Потребен материјал:
Големи топчести лампиони
Мали огледала со кружен облик
Ножици за жица
Цвеќиња и зеленило
Лепило
Прв чекор
Кога ќе ги купувате лампионите за овој проект, одберете ги големите, пластичните топки. Можете да ги најдете во дуќаните со кинески прозводи… Отстранете ја лентата од горниот дел и самиот пластичен врв. Нема повеќе да ви треба овој дел за овој проект, но можете да го зачувате како резервна замена за друга декорација.
Со ножици исчете го горниот дел од лампионот, од кој сте го извадиле пластичниот врв.
Со помош на бушилица проширете и усогласете ја дупката што постои на врвот од лампионот. Работете внимателно и бавно, бидејќи овие декорации иако се пластични можат да напукнат под силен притисок. Ова никако не се обидувајте со стаклени лампиони.
Залепете ги лампионите за огледалата со лепак за пластика. Можете исто така да користите пиштол со лепак.
Откако ќе се исуши лепилото, исечете ги гранките од цвеќето, поставете ги во внатрешноста и аранжирајте по желба. Можете да користите цветни и зимзелени гранчиња, изборот е целосно оставен на вас.
Бидејќи ова се пластични украси, можете да истурете вода во нив, така што вашите декоративни аранжмани ќе траат повеќе денови.