Оваа трендовска јакна со монистри, само потврди дека 2017 година беше апсолутно година на монистрите. Pinterest, исто така, истакна дека побарувачката за оваа јакна е значително зголемена, а од неодамна, ја гледаме на сите познати личности, модни блогерки и во сите модни продавници. Ова значи дека сите сакаат да дојдат до ова популарно парче облека и најверојатно, ќе се фотографираат со помош на апликацијата KiraKira (апликација за мобилни телефони која ги истакнува монистрите и сјајот), така што секој може добро да ги види.
Сепак, тенка е границата помеѓу вклопувањето на монистрите во секојдневниот изглед и претерувањето. Треба да бидете внимателни со нив, бидејќи ако претерате, на крајот ќе изгледате како диско топка која пешачи.
Затоа, избравме за вас неколку прекрасни јакни и блејзери со монистри, кои се совршена комбинација на сјај и елеганција, а вие повелете, погледнете ги во нашата галерија.