Се чини дека светот на екстравагантностa не запира со изненадувањата.
Пред извесно време, читавме за розово златниот апарат за бричење, а веќе сега, постои голем интерес за фенот за коса во боја на шамањ, украсен со кристали Swarovski.
Екстравагантниот фен за коса е украсен со околу 5.000 сјајни кристали Swarovski во бојата на шампањот, а цената на овој фен е огромна – 10.000 долари.
Создаден од компанијата Prête, оваа креација крие благородна намера. 100% од продажбата на овој фен оди во хумани цели – Humane Society организација, која се занимава со заштита на правата на животните.
Иако целта е благородна и навистина може да ја исушите косата со него , сепак се прашувате кому навистина му е потребна ваков фен?