Убедливо најмодерен зимски материјал е твидот.
Најновите трендови покажуваат дека твидот никогаш не бил помодерен материјал и да можете да го стилизирате како што сакате. Без разлика дали тоа е вашиот омилен капут, сако или здолниште. Никогаш не можете да направите грешки ако иодберете софистициран костим од твид. Тоа е дефиниција на елеганција и стил.
Карл Лагерфелд е еден од најпознатите модни дизајнери и овој моден гение го обожува твидот. Последната негова колекција Chanel Métiers d’Art 2018 е во некоја рака омаж на овој фантастичен материјал, кој го прослави Коко Шанел. Легендарни се и нејзините костими од твид, со препознатливите бисери и големите златни синџири
Твидот е мек материјал кој се појавува одамна во Англија, иако оттогаш, поминал низ многу промени за да го добие сегашниот изглед. Постојат многу различни твид ткаенини, изработени од различни шеми и бои. Уште една одлична работа е тоа што твидот можете да го носите во дневни комбинации, како и во поелегантни прилики. Костимите на Шанел се за сите времиња, а секоја жена која држи до стилот, треба да има еден ваков костим во својот гардеробер.