По ангажирањето на Кара Делевин за нивната празнична кампања, Џими Чу ја продолжува соработката со познататие и за колекцијата”Круз” 2018 година.
Новата ѕвезда на кампањата е моделот Кати Нешер, која беше фотографирана во амбиент на забава за оваа прилика, претставувајќи се во шик моделите на познатиот бренд.
Новите модели на познатиот бренд навистина блескаат – од мокасини поставени со крзно, светликави чизми, па се до фантастични стаклени платформи. За одличните фотографии од кампањата, главниот “виновник” е Серж Леблон, а моделот Кати се појавува во видеото, кое беше снимено по истиот повод.
“Кога зборуваме за Круз колекцијата, таа е целата во празничен тон. Без разлика дали станува збор за бои, облици, материјали, оваа колекција комбинира смели елементи кои ја истакнуваат убавината, мистеријата и атрактивноста на жените во мракот “, рече Сандра Кои, креативен директор на Jimmy Choo .