Православните христијани во Македонија, денес го празнуваат Свети Никола Чудотворец, светецот заштитник на сиромашните, на морепловците, на рибарите, на морињата, на вдовиците, на сираците… Свети Никола е еден од најпочитуваните светци, a го слават и православните и католиците, но и дел од муслиманите, особено во Турција. Во Македонија и во светот има безброј цркви, манастири, икони и фрески што се посветени на овој светец.
Именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле, Кула, Нина…
За многи години!