Од бучните зафатени улици на Шангај и Хонг Конг, до пространите европски пејсажи чиј центар го зафаќаат добро познатите катедрали!
Kwan Yeuk Pang е сликар кој обожава да патува и да го документира своето искуство со скици насликани со водени бои. Сцени богати со допирот на моментална атмосфера ни ги претставува со микс на скуден избор на незаситени бои.
Урбаното скицирање стана движење кое ги мотивира уметниците да вежбаат на брзо скицирање и што повеќе да ја практикуваат оваа вештина. Панг го има доловено денот пред катедралата на Св. Марко во Венеција со само две бои, портокалова за небото и архитектонските детали и сино-виолетова за подот и сенките.
На оваа скица е документирана зимата во Ханчжоу, Кина. Користејќи портокалова за благо осветлување на улицата, црвени сенки за додавање на живост наспроти синото темно небо ја прави скицата неверојатно впечатлива, додека светлината се рефлектира од бројните чадори во гужвата, и бели снегулки паѓаат од небото за само да се стопат на водената улица.
Панг во слободно време држи часови на шеесет ентузијасти кои сакаат да сликаат со водени боици. Доколку сакате да ја следите неговата работа, заследете го на Instagram.