Коктел од кој нема да се разделите оваа зима, а ќе биде присутен на сите забави. Со нетрпение ќе дочекате да ги поканите пријателите и да им го направите овој волшебен коктел “Нутела”.
Подгответе се, бидејќи сè што ви треба сигурно веќе го имате во вашите домови. Поканете ги пријателите, засукајте ги ракавите и дочекајте ги со овој примамлив коктел.
состојки:
250 г Нутелa
200 мл млеко
250 мл вотка
50 г кафеав шеќер
Подготовка:
Измешајте го млекото со Нутелата и кафеавиот шеќер во блендер, додека шеќерот целосно не се раствори. Потоа, додадете вотка и мешајте со најсилната брзина на блендерот. Коктел послужете го со мраз. Ако со друштвото не успеете да ја испиете целата количина (иако се сомневаме во тоа), можете да ја зачувате во фрижидерот за еден месец.