Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Марија Зориќ
(Втор пат со победничка фотографија)
Марија Зориќ е наградувана професионална фотографка која се занимава со фотографија веќе единаесет години, со искуство зад себе со фотографирање на бројни фотосесии и настани. Фотографијата е направена во Брела, Хрватска со мобилен телефон.
Контакт со Марија можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (marija.zoric95@gmail.com).
Стефанија Шутарова
Стефанија Шутарова е аматер чиј предизвик за фотографирање се пејсажите и зајдисонцето. Фотографијата е направена во Богданци со Canon
Power Shot A3400 IS и не е едитирана.
Контакт со Стефанија можете да воспоставите преку нејзиниот Facebook и Instagram.
Крсте Гајдаџиев
Крсте Гајдаџиев е аматер кој цели кон професионализам. Неговата фотографија е направена во Будимпешта со телефон, а потоа едитирана со алатките на инстаграм.
Контакт со Крсте можете да воспоставите преку неговиот Instagram.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).