Од Грејс Кели, преку Кејт Мос и Џенифер Лопез до Ријана, многу дами одлучија да го зачинат нивниот изглед со турбани. Турбанот е мал моден додаток кој ќе го направи вашиот изглед елегантен и атрактивен.
Во пресрет на новата празнична сезона, турбанот повторно го привлекува вниманието на дамите, а многу брендови во своите свечени колекции, презентираа различни модели. За празничните денови тие предлагаат турбан од свила, плиш или сатен украсени со вез, бисери и или блескави камења.
Без разлика дали ќе одберете едноставен монохроматски во комбинација со впечатлив фустан или комбинезон, или ќе одберете некој од кадифе, во боја на злато, дефинитивно ќе привлечете вниманието со вашиот изглед.
Дури и ако не можете да најдете украсен турбан, секогаш имате можност сами да го направите тоа, само користете ја вашата креативност. Пердуви, извезени апликации, украсни камења, секогаш се добар избор.
Ви претставуваме неколку идеи кои ќе ве инспирираат!