Дозволете да Ви ги претставиме победниците на нашиот неделен фото натпревар на Instagram!
Никола Стефков
Никола Стефков е аматер фотограф за кого фотографирањето претставува хоби преку кое ја експресира својата креативност. Фотографијата е направена на резортот Grand Lake Lodge во Колорадо, САД и е обработена со филтрите на инстаграм.
Контакт со Никола можете да воспоставите преку неговиот e-mail (nstefkov.ns@gmail.com).
Марија Зориќ
Марија Зориќ е наградувана професионална фотографка која се занимава со фотографија веќе единаесет години, со искуство зад себе со фотографирање на бројни фотосесии и настани. Фотографијата е направена во Виена со мобилен телефон а е уредена со алатките на Инстаграм.
Контакт со Марија можете да воспоставите преку Facebook, Instagram или e-mail (marija.zoric95@gmail.com).
Срѓан Каранфиловски
Срѓан Каранфиловски е ентузијаст – аматер кој цели да направи интересни и впечатливи фотографии. Победничката фотографија е направена во Хонг Конг со Samsung Galaxy Edge 6 +.
Контакт со Срѓан можете да направите преку неговиот Facebook, Instagram и e-mail (srgjan_karanfilovski@hotmail.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).