Christian Louboutin се чини дека е голем фан на Star Wars. Новото продолжение на епскиот Star Trek, епизода VIII: The Last Jedi, ќе се одржи на 14 декември, а познатиот дизајнер создаде филмска колекција на чевли, базирана на филмот.
Секој пар (вкупно четири) е посветен на една од хероините: Ray (Daisy Ridley), заменичка на адмиралот Amilyn Holdo (Laura Dern), капетанката Phasma (Gwendoline Christie) и членката на отпорот Rose Tico (Kelly Marie Tran).
Оваа ексклузивна колекција ќе биде практично невозможна за купување, бидејќи ќе биде понудена на аукција, за да се соберат средства за фондацијата Starlight Children. Среќните што ќе ги добијат чевлите на Louboutin, ќе го добијат вториот пар како подарок – и двата пара ќе бидат потпишани од страна на дизајнерот и актерките што го инспирираа да ги создаде моделите, како и билет за посета на студиото Lucasfilm и специјален филмски преглед на The Last Jedi во Сан Франциско на 16. јануари
погледнете го трејлерот од The last jedi