Овие фотографии од талентираната американска глумица, пејачка и модел Мерилин Монро, за прв пат се изложени во јавноста и тоа во париската галерија, Galerie de l’Instant. Фотографиите ќе бидат изложени до крај на Јануари, па доколку Ве води патот до Париз можете да ги погледнете и да се потсетите на сјајот и гламурот во поп културата од педесетите и шеесетите години на минатиот век!
Изложбата содржи фотографии како од секојдневниот, така и од професионалниот живот на Мерилин.