Кампања Michael Kors Holiday
Празничните кампањи ни го носат очекуваниот празничен гламур и свечената атмосфера. Во овој дух е креирана и најновата кампања на модниот бренд Michael Kors, фотографирана од престижниот моден фотограф Марио Тестино.
Главните протагонисти кои се појавуваат се моделите Тејлор Хил и Роми Стријд, кои се стилизирани во супер-шик празнични модни комбинации.
Од крзнени бунди па се до божествените златни фустани, моделите ни ги покажуваат водечките стилски комбинации кои можат да бидат ваш избор за празниците. Се разбира, секој стил може да се заврши со соодветни чанти и раскошни металик додатоци.