Сенката за очи која ви е потребна во декември е сјајот на розовото злато. Оваа трендовска боја за декември веднаш ќе ви даде гламурозен изглед. Изберете сенка за очи што има светлосни пигменти за дополнителна доза на гламур. Најдобро од сè, оваа нијанса одговара на секоја боја на коса и на секоја боја на очите, па не можете да направите грешка.
За да ја задржите сенката на очи преку цел ден и ноќ без да се избрише, прво нанесете прајмер, односно база за сенки. Потоа нанесете ја розова-златната сенка за очи над целиот капак и нежно проширете ја нагоре. За дополнителен пигмент, натопете ја четката со малку фиксатор за шминка или сенката нанесете ја со врвовите на вашите прсти.
За додатен wow ефект, нанесете маскара во интензивна црна боја. И тоа е тоа, подготвени сте!