Долго време, жените ги избегнуваа бисерите. Сепак, оваа сезона го забележавме враќањето на бисерите, на голема врата. Ги наоѓаме насекаде, од декорација на облека, чанти и чевли, а сега се враќа и накитот изработен од бисери.
Време е да ги извадите старите бисерни ѓердани од вашата баба, бидејќи тие се повторно мега тренди.
Вистински или вештачки, не е важно важно, бисерите се секако ѕвезди на сезоната со плишот и монистрите.
Веќе ги забележавме бисерите во најновите колекции на Гучи и Шанел за 2018, а сега се повеќе и претставничките на уличниот стил, се украсени со бисерни ѓердани. Освен класичните бисерни ѓердани, ги забележавме и оние минималистичките и над се модерни, во комбинација со други метали.
Инвестирањето во ѓердан од бисер, не треба да ве загрижува. Земете ја за пример Коко Шанел, која без размислување секогаш ги мешала вистинските бисери со оние вештачките.
Ѓердани направени од вештачки бисери може да се најдат за добра цена, но ајде да бидеме реални, изгледаат исто толку добро.