Изборот на совршено руменило понекогаш може да биде вистински предизвик. Со толку многу различни нијанси и текстури, дури и вистинските познавачи на убавината понекогаш не се сигурни да ве советуваат што да одберете. Она на што треба да посветите посебно внимание е секако, нијансата,… ретки се среќничките на кои им одговараат токму сите.
Затоа, внимателно размислете за изборот на нијанси, руменилото е тука за да го направи вашето лице свежо и да го направи да изгледа одморно и здраво. Со премногу руменило или со премногу интензивна нијанса, лесно ќе изгледате како кловн, од друга страна, премногу светла нијанса нема да направи ништо или пак ќе направи да изгледате исцрпено.
Ако се уште не сте сигурни за вашата идеална нијанса, најдобро е да се дадете во рацете на експерт, што значи без шминка или само со лесна подлога која инаку ја нанесувате на лицето, да одите во некоја продавница за козметика и побарате пријателски совет од обучените продавачи -шминкери, за да ви помогнат во изборот на нијанса за вас..
Освен нијансата, потребно е да се размислува и за текстурата. Иако изборот на текстури е исто така одличен, руменило во прав, камен, крем или во течност? – нам ни се чини дека се уште, најпопуларни се руменилата во камен.