The French Banksy е псевдонимот позади кој се крие францускиот уличен уметник Dran. Без влакна на јазикот, дрски и неверојатно точни пораки се испраќаат со неговите дела. Како што Шекспир во Хамлет би кажал „Нешто е труло во државата Данска…“, така Дран ги искажува сите трули работи во денешното општество. Го потенцира човековиот егоизам, нашата суровост кон немоќните, бруталниот систем во кој децата се развиваат.
Во прилог можете да ги погледнете делата на Дран, а доколку сте фан, можете да го заследите на Instagram.