„Гответе насмеани“ – промоција на првиот готвач на Dave’s Kitchen
На 15 декември, со почеток во 19 часот во просториите на книжарницата „Literatura.mk“ на улица Македонија, ќе се одржи промоцијата на првиот готвач на Давор Панчевски, уште попознат како Dave’s Kitchen.
„Гответе насмеани“ е готвач наменет за сите оние мигови кога сакате да го соберете семејството на едно место, да уживате со пријателите, а воедно и да имате другар во кујната кој ќе ви се најде при рака кога ненадејно ќе ви се најават гости.
-Во време кога сите сакаат да зготват нешто на брзина, создадов готвач во кој што се водам од мотото – Минимален труд за максимално задоволство. Изминатава година и половина секојдневно работев за да направам селекција на најдобрите рецепти и да ги спакувам во една убава книга, која се надевам дека ќе им се допадне на љубителите на готвењето, а воедно и на сите оние кои допрва ќе започнат да експериментираат во кујната, вели Панчевски.
За време на промоцијата, посетителите ќе имаат можност да се дружат и да разменуваат совети со Давор, да купат готвач со посвета, а воедно и да вкусат дел од неговите специјалитети.
Divian Arts му посакува успешна промоција…