Не е тајна дека џинот во последно време го презеде тронот на најпопуларен пијалок, но сега и науката, очигледно му носи дополнителни поени на овој веќе посакуван пијалок.
Ако сте и вие обожавател на класичниот пијалок џин-тоник, ќе ве развесели фактот дека сте веројатно по секси од луѓето кои не го пијат. Барем тоа се вели во новото истражување кое тврди дека одредени алкохолни пијалаци можат да влијаат на вашите емоции, како и на вашето однесување.
Студијата беше спроведена од страна на британското BMJ Open Medical Association, со над 30.000 лица на возраст меѓу 18 и 34 години, (a учествуваа лица повеќе од 20 земји) кои пиеле пиво, вино и други видови на алкохол.
Учесниците ги прашуваа за мислите и чувствата што ги поврзуваат со одреден вид на алкохол, а покрај тоа што откриле дека луѓето што пијат џин се чувствуваат по-секси, исто така се покажало дека оние што претпочитаат џин и водка се повеќе склони кон агресивно однесување, додека пак тие кои пијат пиво и вино се чувствуваат сигурни, но и опуштено.