Во очекување на празничната сезона, сите бараат идеален моден сет на комбинации.
Дури и ако не сте човек кој не ја сака Новата Година и еуфоријата околу неа, ние се уште веруваме дека сакате да бидете почестени со прекрасен фустан и да изгледате прекрасно.
Барањето за совршено модно парче за било која пригода може да биде проблематично, особено ако сте дама со поизразени облини. Модната индустрија се повеќе се обидува да се прилагоди на фустани со “plus size” големина, a овој тренд во последно време, почна да се практикува од страна на многу брендови. Денес и во нашата земја, како да има поголема и разновидна понуда од порано.
Да се имаат облини, не значи дека треба да го скриете вашето тело и дека денешните трендови ви се забранети. Секогаш е можно да се применат при создавање на личниот стил. Вие секако, нема да одберете гламурозен фустан кој светка во безброј монистри, доволно е да додадете неколку детали, купете сјаен шал, чевли или чанта.
Погледнете ги нашите предлози, веруваме дека ќе ве инспирираат…