Пред неколку години се појави тренд кој жените го обожуваа или го мразеа, плишани тренерки. Тренерките главно беа со потпис од брендот Juicy Couture, а со текот на времето се појавија копии и варијанти на други брендови.
Ни пристига серија за брендот Juicy Couture
Основачите на брендот Juicy Couture, Pamela Skaist-Levy и Gela Nash-Taylor во 2014 година, напишаа книга “The Glitter Plan”, во која се опишува како само со 200 американски долари ја стартуваа компанијата, која стана вистинско модно царство!
Сега, 3 години подоцна, Кanal E! објави дека ќе сними серија во која основачите на брендот ќе зборуваат за своите авантури. Иако не е потврдено кога серијата ќе почне да се емитува, се шпекулира дека насловот на серијата ќе биде “Juicy Stories”, а продуценти на серијата сем основачите на бендот се и Michael Patrick King и Amy B. Harris.
Да се потсетиме на плишаните тренерки од овој бренд кој го носеа сите sвезди…