Принцот Хари (33) е петиот во линијата на наследници на Британскиот престол, по својот татко престолонаследник принц Чарлс, братот принц Вилијам, внукот принц Џорџ и внуката принцезата Шарлот.
Кралската палата на Велика Британија денес соопшти дека се вериле Принц Хари (33) и холивудската глумица Меган Маркл (36), а дека венчавката ќе биде на почетокот на пролетта, следната година.
Оваа вест е соопштена денес, од кабинетот на принц Чарлс, таткото на принц Хари.
Во соопштението се наведува дека принц Хари и Меган се вериле во почетокот на ноември, дека 36-годишната Маркл ја запознала кралицата Елизабета II и дека принцот Хари добил одобрување од родителите на Меган.
Да им посакаме среќа!