Здрави колачи? Можно е, а ние ќе објасниме како и зошто. Отсега ќе консумирате само сурови колачи.
Сакаме колачи и искрено, можеме да ги консумираме и уживаме во нив секојдневно. Колач за појадок со чаша кафе или чај, а потоа повторно во попладневните часови, може и уште некое срамливо, со вечерното гледање на филмови.
Instagram / @rawrfoods
Суровите колачи не бараат печење, шеќер, а не содржат ни глутен. Ги гледаме се повеќе и почесто, а може да се купат во голем број продавници за здава храна, но исто така можете да ги направите и сами.
Без разлика дали сте веќе познати по вашите кулинарски вештини или тукушто сте зачекориле во кујната, не се сомневаме дека ќе го најдете вашиот омилен рецепт што ќе го подготвувате без многу проблеми. На рерната, потполно заборавете, бидејќи ништо не треба да се пече.
Instagram / @lauriannerawcakes
Сите витамини и минерали се потполно сочувани во овие колачи, што е во согласност со трендот на сирова храна. Овие необработени, свежи и хранливи колачи се најздравиот избор за десерт.
Instagram / @rawcakesbycoco
Се што ви треба за да подготвите некој од суровите колачи е работна табла, нож и блендер, или сецкалка. Ако веќе ги имате сите овие три работи, тогаш ништо повеќе не може да ве спречи на вашиот пат кон вашиот триумф или суровите колачи.
Кликнете за рецепти на овие Instagram профили…