Модернистичката архитектура од педесетите беше главната инспирација за креација на Тики Тики хотелот, сместен на мексиканскиот брег. Со капацитет од само петнаесет соби, овој хотел е идеален за сите оние кои го бараат својот мир, а за да бидете сигурни дека сте потполно изолирани во светот, архитектот Arturo Zavala Haag, го смести во околината на преубава џунгла. Миксот на Арт Деко и традиционалниот дизајн му даваат на ентериерот уникатен акцент!