Може да се каже дека ја фаворизираме идејата за чување миленик, па затоа решивме да Ви дадеме неколку причини за патување со Вашиот најдобар пријател!
Cynthia Bennett и нејзиниот партнер обожаваат да патуваат со нивните миленици, кучето Hanry и мачката Baloo. Ова големо семејство заедно ги има посетено најубавите места кон кои природата била екстремно дарежлива, и тоа во сите четири сезони! Дружбата меѓу Хенри и Бало е нешто што одамна не сме виделе, а нивните фотографии се преслатки!
А кога зборуваме за бенефитите од патување околу светот со милениците:
Причина број 1: Одмор во секоја смисла на зборот.
Го знаете она чувство кога се враќате дома истрошени по напорниот ден и Вашето куче Ве пречекува сето среќно на прагот, или мачката Ви седнува во скут и започнува да преде и целата негативна енергија како да исчезнала. Животните се подобри придружници од луѓето поради тоа што можете да бидете потполно свои пред нив! Тие имаат шесто сетило за распознавање емоции, па секогаш ќе се тука за Вас кога најмногу ќе Ви се потребни, што ретко може да се каже за луѓето.
Причина број 2: Истражувањето е позабавно!
Дозволете им еден сосема нов свет за истражување и искористете ја можноста да истражувате со нив! Спознајте ја новата средина на нов начин и така полесно ќе се спознаете себеси, па зарем тоа не е главната цел на патувањата?
Причина 3: Ќе научите повеќе за Вашиот миленик!
Колку често го шетате Вашето куче и колку часа минувате со Вашата мачка неделно? Поради секојдневните обврски, не ретко времето поминато со милениците е сведено на минимум, па затоа еве шанса да покажете доза внимание на оние кои безусловно Ве сакаат најмногу на целиот свет!