Новогодишните празници се совршени за оние кои сакаат сјај, монистри и нешто поинтензивна шминка, која инаку немаат храброст да ја стават, а потребна им е причина да се оттргнат од својата шминкерска рутина. Во овие денови можете да си дозволите буквално се, сјајни очи или усни, трепки со сјај или оние во бои.
Сребрената, златната и црвената, се традиционалните бои кои ги сакаме за време на празниците, а секако, сите ги имаме овие нијанси во нашите несесери, па нема да имаме потреба од купување на нови производи. Меѓутоа, ако сакате да се почестите со нешто ново, предлагаме интересни трeпки или црвен кармин, кои ќе бидете во можност да ги носие и во останатиот дел од годината.
Како и секогаш, чистата и негувана кожа е основен предуслов за убаво и уредно шминкање. Нанесете ја подлогата, коректорот, пудрата за фиксирање како и секогаш, а потоа препуштете се на на вашата воља и имагинација, играјте со сјајни сенки, ружеви, ајлајнери во боја, светки и трепки и неизбежниот црвен кармин.
Со цел, да ви олесниме како до совршена празнична шминка, најдовме видео туториал кој ќе ви објасни чекор по чекор, како да изгледате како кралица!