Дали во последно време сте размислувале за нова фризура? Ако е така, сега е идеалното време за тоа.
Кратката боб фризура – стана хит фризура за оваа зима, а тоа го докажуваат и бројните влијателни блогерки, кои веќе ја скратија својата коса…
Зошто ја сакаме боб фризурата?
Многу едноставно, бидејќи боб фризурата е апсолутно модерен избор кој се вклопува со францускиот шик и изгледа одлично на тенка и на погуста коса.
Боб фризурата се препорачува за зима од две причини. Првата причина се однесува на капите. Боб фризурата изгледа одлично под речиси сите шапки и капи, што е идеално за студените зимски денови.
Од друга страна, косата во боб фризурата е доволно долга за да ви го грее вратот, а сепак доволно кратка да не се заплеткува во шалот.
Секако, со боб вризурата имаме win-win ситуација!