Дозволете да Ви го претставиме победникот на нашиот неделен фото натпревар на Instagram, Христина Трајкоска.
Христина е млада ентузијастична фотографка чија пасија е уличната фотографија. Не зборуваме за статичноста на улицата, туку постојаната динамика која се случува само во еден момент и остава своја вечна трага.
Фотографијата е направена пред Универзитетот во Љубљана, додека Христина и нејзиниот цимер чекале превоз.
За соработка со Христина можете да ја контактирате на нејзиниот Facebook и email (h.trajkoska@gmail.com).
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).