Најскап телефон на светот
Црниот дијамант од 26 карати, како копче за опцијата home, го крена овој iPhone 5 кон небото. Тој го носи името iPhone 5 Black Diamond, а е дело на Стјуарт Хјуз. Со цена од 16,5 милиони долари, овој уникатен телефон ја освои титулата најскап телефон во светот. Покрај прекрасниот црн дијамант, овој телефон е украсен со 600 скапоцени камења, додека 53 се втиснати во логото на Apple.