Постои многу добра причина зошто неутралните бои се омилени на сите, во текот на есенската сезона …
Прво, никако не можете да направите грешка со неутралната палета на бои. Од сите бои кои ни се достапни, неутралите, најлесно се комбинираат и мешаат. Нијансите како беж, слонова коска, окер, црна, сива и нијанса на белата боја, незабележително се стопуваат со било која друга боја.
Неутралните тонови се основа на секоја гардероба. Понекогаш ви е потребно едно неутрално парче за да го поврзете целиот изглед, а исто така можете да направите и безброј комбинации од овие тонови. Овие бои ќе изгледаат одлично на секого!
Ако сакате да играте безбедно и не сте љубители на експериментирање, неутралните бои се совршен избор за вас, дури и ако ги помешате дезените, различните варијанти на нијанси, текстури …
Само напред :)