“Salvator Mundi”, одамна изгубената слика на Исус Христос од Леонардо Да Винчи од околу 1500-тата година, се продаде ноќеска во Њујорк за неверојатни 450 милиони долари, што ја прави најскапо уметничко дело на светот..
Сликата на Исус Христос, која во почетокот на оваа деценија е потврдено дека е дело на големиот уметник, била нарачана за францускиот крал Louis XII пред повеќе од 500 години, а на аукцијата на Cristie’s во Њујорк синојќа се продаде за 400 милиони долари, со дополнителни 50 милиони во вид на премија за аукциската куќа, што е четири и пол пати повеќе од понудената цена (100 милиони долари).
Сликата “Salvator Mundi” е најскапо продадено уметничко дело на светот, по приватен пат или на аукција. Последните рекордери беа “Жените од Алжир” на Пикасо (1955) продадени на аукција од 179,4 милиони долари, и една слика на Пол Гоген за која се верува дека достигнала 300 милиони долари преку приватен аранжман.