Апартманот дизајниран од YCL студио во Вилнус, Литванија, е поделен под остар агол со ѕид кој креира две меѓусебно поврзани соби, но секоја со свој посебен карактер.
Главната идеја била да се креира простор за две различни расположенија, безвременска не емотивна класика и монохромна игра на светлината. Идејата се реализира со создавање на две зони кои се креирани со нецелосен ѕид кој ја дели ректангуларната соба. Резултатот доведе до две поврзани соби со различен карактер, кои сепак изгледаат одлично заедно!
Монохроматската бела дневна носи ведро расположение каде во текот на денот светлината си игра и преку прозорците ја тонира во најразлични варијанти на сива, бела и црна. Мебелот е минималистички и скромен!