Повеќе од задоволство ни е да Ви ја претставиме работата на младата креативка Божица Шопова.
Божица својот талент го екпресира на порцелан, користејќи фломастери наменети посебно за порцелан. Таа црта на финџали, чајници, чинии, тацни, во акварел и мозаик. Прво приготвува шема, потоа го бои порцеланот, па се суши и на крај се пече. Навистина е практично тоа што порцеланот може безбедно да се користи за секојдневна употреба, па дури и да се мие во машина за садови.
Божица им порачува на сите креативци кои се на почетокот од своето творење, да најдат начин како да го екпресираат својот бран на креативност и да се трпеливи и упорни во самиот процес.



















Доколку сакате да си порачате едно вакво уметничко дело можете да ја контактирате Божица на нејзиниот Facebook или Instagram.
