Новогодишната еуфорија, шпанскиот брендот MANGO ја искористи за презентација на ноемвриската кампања “Пред полноќ”. Пред вас се атрактивни парчиња кои ќе ве направат посебни, пред да се избројат последните секунди од 2017 година.
Ги издвојуваме парчињата кои ја истакнуваат женската силуета. Главни протагонисти се кадифето, блескави материјали и капути од еко крзно. Палетата на бои варира во опсег од ладни тонови, како што се зелената и тиркизната, па се до топлите, како што се сенф и розевата. Торбите во фуксија и нијанси на виолетовата во комбинација со турбан, се ѕвезди кога се зборува за аксесоарите.