Една од најлуксузните авиокомпании, Emirates, го претстави целосно редизајнираниот ентериер на своите авиони од типот Boeing 777, вклучувајќи ги и оние, најочекуваните – приватните апартмани во прва класа.
Boeing 777 веќе постави шест луксузни кабини кои содржат огромни седишта што можат да се трансформираат во кревет. Пред патникот е огромен телевизор, а надвор од авионот, Emirates поставија и HD камери, така што луѓето што седат во апартманите во средината на авионот, сепак, можат да ѕиркаат низ виртуелниот прозорец и да гледаат што се случува надвор.
Најновиот авион Boeing 777 со овие карактеристики, ќе почне да лета на 1-ви декември, со летовите кон Женева и Брисел.
Во Emirates признаваат дека потрошиле милиони долари за развојот на првата класа и дека целиот процес траел со години, но точните суми што ги вложиле не ги открија. Голем дел од парите беа инвестирани во рекламирањето, за кое е заслужен легендарниот водител Jeremy Clarkson.