Louis Vuitton и Nicolas Ghesquière ја избраа својата омилена муза како ѕвезда на новата кампања на овој бренд …
Прекрасната Alicia Vikander и згледа среќна и весела во новата рекламна кампања создадена за колекцијата Cruise 2018. Кампањата беше снимена на Ибица, истото место каде што познатата актерка се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер, Michael Fassbender, пред само неколку недели.
Таа во кампањата промовираше шик мини здолништа, кратки блузи и костими за капење, кои идеално се вклопија со егзотичната тема во опкружувањето.
Покрај облеката, тука се разбира, се и другите модни додатоци како бејзбол капче, шалови и торби.