Кина едноставно не престанува со изненадувања!
MVRDV дизајнираше библиотека која не само библиофилите, туку и архитектите во целиот свет ги остави без здив!
Tianjin Binhai Library е изградена од полици! Па и не буквално, но полиците се вклопени во контурите на ѕидовите и терасите, што може да се каже дека создаваат еден богат топографски пејсаж на ентериерот, а да не стане за збор кога тие полици ќе се наполнат со книги.
MVRDV заедно со TUPDI (Tianjin Urban Planning and Design Institut) ја дизајнираа библиотеката во Тјенцин, со цел да ја вклучат во поголемиот план за создавање на културно катче во градот. Самата зграда е поврзувач на паркот со остатокот од „културното катче“. Карактеристична е овалната фигура во библиотеката која привлекува огромно внимание, потоа се на видик широките полици кои даваат илузија на бесконечност.
Мораме да и честитаме на Кина за нејзината проникливост и иновативност кога станува збор за архитектурата и дизајнот. Едноставно не знае за грешка!