Денес, ви ја прикажуваме есенската колекција 2017, потпишана од компанијата Zara, светски позната по својата препознатлива облека, која е фундаментален дел на секоја модна сцена. За оваа есенска сезона, ни се чини дека колекцијата Zara Home добила инспирација токму од модната писта – во тренд се бохо предмети, кои на прв поглед ве покануваат да уживате и да се опуштите во пријатна и топла атмосфера.
Како што можете да се видите од нашата галерија, со помош на оваа колекција апслутно секој простор може да добие доза своја топлина и да се претвори во засолниште од студено, дождливо и ветровито време, кое ќе биде подготвено да чека на вас. Сè што ќе ви биде потребно за совршено уживање е чаша од вашиот омилен топол пијалок, добро друштво, книга или филм.