Керамиката дефинитивно оживеа во дизајнерската заедница, така што сега имаме повеќе и почесто можности да гледаме различни пристапи на работа со овој традиционален материјал …
Со овој познат материјал, денешните дизајнери создаваат нови, современи дизајни. Украинската архитектка и дизајнерка, Викторија Јакуша, користеше керамика како главен материјал во осум од своите осумнаесет дела од колекцијата Fain.
Како што вели Викторија, керамичката традиција во Украина е многу стара, па решила да се врати на самиот почеток и да создаде современ мебел користејќи ги материјалите и техниките на нејзините предци.
Таа соработувала со осум украински уметници за да создаде керамички елементи за нејзината колекција, составена од маса, ноќни масички, подна лампа, лустер, мијалник и вазна, покрај другите текстилни парчиња и мебел. Секој од керамичките предмети е направен рачно, што значи дека сите тие се потполно уникатни.