Се чини дека Dolce & Gabbana го форсираат факторот гламур со проекцијата на новата ready to wear колекција за пролет-лето 2018 година.
Презентирајќи над стотина модели, колекцијата наречена “Кралицата на срцето”, со карти кои како мотив ја покриваат облеката, беа позадина на самата модна писта. Ревијата е отворена со безброј модели на облека во црна боја, а креаторите се фокусирани на деталите инспирирани од долната облека, како што се корсетите, тантелите и цветен вез.
Според прес-центарот на познатата дизајнерска куќа, колекцијата е наменета за новите генерации, а главниот извор на инспирација е љубовта што можете да ја најдете во сè.