Па добро, не баш буквално, но познатиот производител на колачите макаронс – Ladurée, понуди сет од три колачиња кои го содржат “вкусот” на познатата уметница Марина Абрамовиќ.
Со желба на нејзините обожаватели да им понудат уникатен производ, кој сублимира сè што таа сака, вклучувајќи мириси, вкусови, како и сеќавања, Ladurée и Kreëmart, понудија пакет од три специјални колачиња инспирирани од уметницата..
“Мојата баба готвеше кафе секое утро, а мирисот на кафето се ширеше низ целата куќа”, рече Марина. “Потоа се сеќавам на мирисот на босилек, темјан, кардамон, како и на егзотичните мириси од бројни патувања, како мирисот на вулканот или водопадот… Сето ова, го содржат макаронс кои се инспирирани од мојата маленкост”, рече Марина.
Колачињата се обоени во сина боја, а покриени со златни ливчиња. На нив е втиснат грбот на семејството Абрамовиќ. Кутијата која содржи три колачиња се продава по цена од 85 евра.
“Кога реков дека сакам макаронс со мој вкус, ми поставија толку многу прашања, што сакам, кои бои ги сакам, кои мириси, за спомените од детството …. Сето ова создаде деликатен слаткарски портрет за мене “, рече Марина.
“Мојата работа, во поголемиот дел од времето е нематеријална, бидејќи уметноста на перформансите не е битна, таа е концептуална и временски ограничена”, додаде Марина. “Работата на Kreëmart е сосема нематеријална, бидејќи го консумирате, јадете и исчезнува”, додаде светски познатата уметница..