Дозволете да Ви го претставиме првиот победник на нашиот неделен фото натпревар на Instagram, Ивана Паункова.
Ивана се занимава со фотографија веќе шест години, зад себе има соработка со модни блогерки и искуство со фотографирање на настани. Победничката фотографија е едитирана е со Lightroom и претставувала особен предизвик да се направи за Ивана, која има страв од височини.
За соработка со Ивана, можете да ја контактирате на нејзиниот меил (paunkova.ivana96@gmail.com) или пак на нејзиниот Instagram.
За да учествувате на нашиот неделен натпревар треба само да не означите на Вашата фотографија (@divian.arts) и во описот да го вметнете нашиот хаштаг (#divianarts).