Сите сонуваме за густа, сјајна и моќна коса. Одредени елементи можат силно да влијаат на растот на косата, како и на нејзиниот квалитет. Ние ви ги носиме 4-те најважни, со кои ќе ја видите промената.
Биотин
Биотинот е од групата на Б витамини и е еден од најважните витамини потребни за вашата коса. Тој ја обезбедува потребната хидратација и на тој начин ја прави помоќна и сјајна. Биотин содржат бананите, јагодите, спанаќот и овесните снегулки.
Витамин B
Витамините B3, B5 и B6, обезбедуваат посилна структура на косата и го активираат метаболизмот. Исто така, го стимулираат природното производство на себум кој ја поддржува метаболичката активност на коренот на косата и обезбедува здрава кожа. Овие витамини главно се наоѓаат во оревчестите плодови и мешунките.
Железо
Недостатокот на железо во организмот често ги зафаќа жените, особено за време на менструацијата. Еден од симптомите на недостаток на железо е зголемената загуба на косата. Причината е, дека железото поддржува многу процеси на раст, бидејќи го транспортира кислородот преку телото, а може да се апсорбира преку месото, леќата, спанаќот и сојата.
Цинк
Цинкот, исто така, е потребен за растењето на косата. Тој ги формира главните состојки, односно кератинот и колагенот. Цинкот се наоѓа во храната како што се овошјето и оревчестите плодови.