Gill Bustamante е англиски сликар чии дела го одземаат здивот!
Фузијата на експресионизмот, импресионизмот, семи-абстрактот, арт деко, арт нову и дневното расположение на Gill е изразена преку богата тиркизна до храбра портокалова и темна црвена. Секако, мора да се согласиме дека на храбар начин е достигната нежноста на мистичниот животински свет.
Главната инспирација кај авторот е тексурата на природата, флуидната енергија, боите и дивите животни. Птици, тигари, елени ѕиркаат меѓу психоделичната сцена позади дрвта, чија текстура изгледа како да ќе се исцеди од платното.






